Македонија
1. February 2021 - 15:23

АА и Алтернатива го поддржуваат барањето на Сојузот на средношколци за државната матура

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го поддржуваат барањето на Сојузот да се измени концептот за државна матура за оваа генерација матуранти и наместо четири (три екстерни и еден интерен предмет), матурантите да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира.

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халила Снопче по средбата со претседателот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи информира дека тие како коалиција го поддржуваат нивното барање бидејќи, како што рече, средношколците не бараат тотално укинување на државната матура, туку само намалување на бројот на предмети.

– Ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива го поддржуваме барањето на Сојузот на средношколци уште повеќе поради тоа што тие веќе апелирале од нивното првобитно барање. Нивното првобитно барање беше да се отстрани државната матура како што се случи и лани. Бидејќи лани учениците онлајн учеа само едно полугодие и немаше матура. Министерството за образование и наука со декрет ја укина матурата, а додека оваа година цела година учениците  се на онлајн настава. Унијата на средношколци предложија да има матура, но наместо четири предмети да полагаат два како францускиот модел. Во Франција, државна матура ќе се одвива само со еден предмет и за да го запазат Уставот и законите, освен професионалниот предмет што ќе имаат можност да изберат самите матуранти ќе полагаат и предмет мајчин јазик. Ние како коалиција укажуваме дека не сме подготвени за таква платформа и испадна дека сме во право. Барањето не е да се укине тотално државната матура, туку да се намали бројот на предмети, рече Снопче.

Тој посочи дека ќе се залагаат во Собранието врз основа на нивните надлежности или со законски акти или со барање за јавна дебата да им помогнат на средношколците.

– Еден од аргументите на МОН е дека матурантите се веќе пријавени, 14 илјади матуранти, но меѓутоа тоа е законска обврска до 31 декември да се  пријавуваат. И минатата година на овој законски рок матурантите пријавиле државна матура, но матурата се укина. Тоа не е доволен аргумент. Од Сојузот на средношколци имаат огромен број аргументи за да се прифати нивното барање и да се направи компромис.

Бленди Ходаи, претседател на на Сојузот на средношколците информира дека денеска имале средба и со претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Жаклина Лазаревска, од која, како што рече, немало волја за нашето барање, затоа што тие, рече, се децидни како и министерката дека ние треба да полагаме државна матура со четири предмети, односно со стариот модел на државната матура.

– Како информација, ние поради тоа што имаме скратени часови, како матуранти имаме 50 минути помалку од секој предмет затоа што имаме скратени програми и часови. Не можеме да полагаме државна матура со ист модел со четири предмети, ако имаме помалку 50 минути од секој предмет. Денеска сме во деветтиот ден на бојкотот и над 12 илјади матуранти ја бојкотираат наставата. Пратениците заедно со министерката не треба да дозволуваат повеќе да изгубиме како матуранти од наставата.

Од Сојузот на средноколците изглегоа со десет аргументи зошто треба државната матура да биде изменета според нивните барања.

Ходаи посочи дека ја повикуваат министерката за образование и наука, Мила Царовска и МОН да излезат со десет свои аргументи по прашањево, а не со празна реторика.

Десетте барања на Сојузот за средношколците се следните:

-Поради затворањето на училиштета од март 2020 година, предавањата не беа поеднакво ефикасни и квалитетни како во претходните години,

-Меѓународните преседани: на пример, Франција одлучи нејзините матуранти да полагаат само еден изборен предмет. Почитувајќи го Уставот, ние предлагаме да се полага изборен предмет и мајчин јазик. Претходната (учебна) година учениците беа целосно ослободени од матурата иако само неколку месеци од наставата ги слушаа онлајн. Ние сè уште сме принудени да поминеме низ овој процес на полагање, иако година и половина наставата ја слушаме онлајн,

-Недостатокот на социјализација во реалниот живот меѓу учениците вртоглаво ги зголеми проблемите со менталното здравје и ја намали мотивацијата тие да учат или да извршуваат какви било други задачи – па оттука и понатаму се намалува ефективноста на далечинското учење. Покрај ова, неоправданиот, неуставен и незаконски притисок што е вршен врз учениците од страна на лица или луѓе во позиција на моќ, може трајно да влијае на менталното здравје на учениците преку потенцијалното настанување на траума и предизвикување страв.

-Причината поради која 14.000 ученици имаат пријавено државна матура е тоа што ги почитуваме Законот за средно образование, Уставот и нашите институции. Според Законот, како и претходните години, се бараше учениците од четврта година да се пријават за државната матура најдоцна до 31 декември 2020 година.

-Вообичаено за предмет што би го имале 5 пати неделно со 45 минутен час, ние сега имаме 50 минути помалку поради намалувањето на времетраењето на часовите. Не можете да очекувате да знаеме и да имаме проучено исто толку материјал како во нормални ситуации, а нашите ресурси се неразумно ограничени!

-Сè уште има професори и наставници кои се борат со соодветно предавање на часови, бидејќи нивното разбирање за технологијата е ограничено, па оттаму се ограничува и количината на информации што ученикот може да ја прима од тој час.

-Една студија направена од Лансет психијатрија, еден од најстарите и најпознати медициниски журнали, покажа дека стапките на депресија се зголемија на глобално ниво за време на полицискиот час воведен за справување со КОВИД-19, што ги прави учениците поподложни на бариери за учење предизвикани од стрес.

-ЕЦЕПАА1 и Институтот за статистика на УНЕСКО покажуваат дека многу ученици се во неповолна ситуација кога станува збор за далечинско учење, 826 милиони ученици ширум светот дури и немаат пристап до компјутер во домаќинството. Ова важи и за многу ученици во неповолна ситуација во земјава и може да ја наруши нивната способност ефикасно да го научат материјалот.

-ЕЦЕПАА исто така наведува дека онлајн учењето претставува проблем на нарушена приватност кај учениците. Многу ученици немаат своја соба или се принудени да посетуваат онлајн часови со родители, браќа и сестри или членови на семејството во позадина на нивните часови кое го одвлекува вниманието на ученикот и го губи чувството на комфор и атмосфера психички прилагодена за учење. Поради ова, помала е веројатноста дека тие учествуваат и ефикасно ги сфаќаат информациите за време на нивните часови.

Тој истакна дека на никаков начин и форма нема да дозволиат ова прашње да се партизира и да се политизира.

Ходаи најави дека ги продолжуваат состаноците со пратенички групи во Собранието и очекува да се најде некакво решение најдоцна оваа недела.