Бизнис
15. October 2019 - 16:48

А1 дигитал нуди поддршка за раст и развој на бизнисот

Производителите секој момент ќе знаат до каде е нивниот производ, со која брзина се движи дистибутерот, каде застанува и кога ќе стигне до крајниот корисник.  Телекомуникацискиот оператор А1 на бизнисот  им понуди нова платформа, применлива во индистриското производство, транспортот, логистиката.  Со дигитализацијата корисниците  ќе можат го прошират бизнисот,  да најдат нови купивачи , да освојат нови пазари

Промените се неопходни ако бизнисмените сакаат да бидат пред конкуренцијата. Треба да се напушти  традиционалниот модел и да се смени системот на функционирање, за да се биде  поефикасен и конкурентен,  велат од А1 дигитал

Инаку А1 Дигитал во мометов опслужува 930 мали и средни бизниси со спицифични решенија за нивните индустрии на повеќе од 12 пазари во светот.