Македонија
11. December 2015 - 19:52

9,8 милиони евра помош од ЕУ за санирање на штетите од поплавите

9,8 милиони евра изнесува финансиската поддршка од ЕУ за санирање на штетите од поплавите кои во јануари и февруари ги зафатија Пелагонија и струмичкиот регион, а во август оставија големи последици во тетовско. Според договорот кој денеска го потпишаа вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, амбасодорот на ЕУ Аиво Орав и претставникот на УНДП во Македонија Луиза Винтон, помошта ќе биде испорачана во две фази.

Евроамбасадорот Орав посочи дека во интерес на земјата е да имплементира политика за надминување на штетите од поплавите, преку борба против климатските промени.

Реализацијата на проектите за кои што се обезбедени овие средства треба да финишира во текот на 2016 година. Оваа финансика поддршка ќе покрие мал дел од вкупната проценка на штетите во земјоделието и во инфраструктурата, кои изнесуваат повеќе од 65 милиони евра.