Бизнис
5. September 2016 - 16:56

97 отсто од фирмите навреме го добиваат повратот на ДДВ, а само кај три проценти имало доцнење

97 отсто од фирмите навреме го добиваат  повратот на ДДВ, а само кај три проценти имало доцнење. Ова го покажала анкетата на Стопанската комора на Македонија во која биле вклучени 800 фирми.  Повратот на ДДВ се резлизра со задоцнување од 1 до 3 месеци и за стопанствениците ова е прифатлива динамика.

Во анкетата компаниите нотирале проблеми во законот за извршување , во делот на наплатата на побарувањата по судска одлука.  Предлагаат одредени измени пред новиот закон  да стапи на сила, со кои  би се олеснила постапката на наплатата на долговите.

Во анкетата 60 отсто од фирмите потенцирале дека немаат никакви проблеми во работењето, 40 проценти  се соочуваат со потешкотии во наплатата на долговите.  Ова е трета анкета од комората направена годинава.