96 проценти од вакцинираните со прва доза од АстраЗенека и Фајзер во Британија имаат антитела
Студија од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42 луѓе развиле антитела 28 до 34 дена по првата доза, а тој процент се зголемил на 99,08 проценти во рок од седум до 14 дена од втората доза, пренесува Гардијан.
Истражувачите посочија дека ова е одлична вест и вистински научен подвиг, додавајќи дека вакцините работат исклучително, особено имајќи ја предвид брзината со која се развиени. Просечната возраст на учесниците во истражувањето е 65 години, односно истражувањето е спроведено кај постара популација, што е прва вакцинирана.
Студијата покажа дека нивото на антитела првично пораснало кај луѓето кои примиле вакцина Фајзер отколку кај оние кои биле вакцинирани со АстраЗенека, но по четири недели и двајцата имале скоро исто ниво на антитела.Исто така, по првата доза на вакцината, нивото на антитела беше пониско кај постарите луѓе. Меѓутоа, кога ја примиле втората доза, луѓето од сите возрасти имале еднообразно ниво на антитела.
Нивото на антитела беше исто така пониско кај луѓето со одредени болести како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања. Таа разлика исчезна кога сите учесници во студијата добија втора доза, се вели во студијата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО