Loading Video...
Свет
2. April 2020 - 14:33

950 починати од корона вирус во последните 24 часа, Шпанија стана втора најпогодена европска држава

Со 950 починати од корона вирус со последните 24 часа, Шпанија стана втора најпогодена европска држава со 10.003 лица кои досега ја загубија битката.

Во борбата против страшната пандемија шпанската влада пред два дена воведе 24 часовен полициски час со дозволи за движење само на лекарите, полицијата и војската. Но и покрај ризгирозните мерки бројот на заболени драматично расте, а медиумите предупредуваат за колапс на шпанскиот здравствен систем кој брои повеќе од 12 000 заразени медицински работници.

Првото место и натаму го држи Италија каде бројот на смртни случаи до денес се искачи на 13.155 лица. Италијанската влада го продолжи и државниот карантин за нови две недели.

По драстичниот раст на новозаболени и двојно зголемениот број на починати, со загрижувачки прогнози излезе и Светската здравствена организација.

 „Во следните денови ќе достигнеме бројка од еден милион потврдени случаи на зараза од Ковид-19 и 50.000 жртви во светот“, предупреди генералниот директор на СЗО.

Според најновите информации на СЗО најголем број на заразени до денеска се регистрирани во САД, бројката намина 215 000 од кои 5112 лица починале. Најлошите прогнози на Белата куќа се дека до крајот на епидемијата, од корна вирус ќе заболат над 2,2 милиони американци.

Во најпогодената држава Њујорк утрово пристогна рускиот воен авион со  60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга медицинска опрема.

Коронавирусот за прв пат е регистриран и во Амазонија. Заразена е жена од домородните жители во прашумите на Амазон, што е прв случај забележан во повеќе од 300 племиња во Бразил. Тамаошните власти известија дека се работи за медицинска работничка која била во контакт со доктор и стравуваат дека евентуалното рашитување на заразарата помеѓу ранливите племиња ќе има разорен ефект.