Македонија
23. January 2017 - 17:55

9,5 мил долари од УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија

Поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, во следните пет години ќе има главен збор во распределба на околу 9,5 милиони долари што преку американската агенција УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија затскриени зад завесата на терминот „невладини“, пишува Дневник.

Целата работа околу заокружување на тендерот е завршена во септември минатата година поради можната смена на администрацијата во САД.

Политиката на УСАИД е парите за т.н. невладини во секоја држава да му ги додели на еден конзорциум, кој потоа слободно располага со нив. Во Македонија тендерот го доби Ист вест менаџмент институт – глобална НВО, за која не треба да се образложува дека е поврзана со Сорос – во партнерство со четири организации во РМ: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Фондацијата „Отворено општество- Македонија“и Националниот младински совет на Македонија, пишува весникот.

Формално, Ист вест менаџмент институт е независна непрофитна организација, која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции, кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро. Во неа Делина Фицо ја извршува функцијата директор за програми за граѓанско општество на глобално ниво и е одговорна за регионот на Југоисточна Европа.

Во биографијата на Делина Фицо на професионалната социјална мрежа „Линкедин“е наведено дека од 2010 година е вработена во Ист вест менаџмент институт, како директор за програми за граѓанското општество.

Слично како и во Македонија и во Албанија во наредниот период ќе бидат поделени девет милиони долари за одредени проекти.

Фицо, која е активистка на граѓанското општество и актуелна сопруга на министерот за локална самоуправа Бледи Чучи, ќе менаџира со девет милиони долари од УСАИД, дадени за правдата во Албанија. Фицо е директорка на програмата на граѓанското општество во Ист вест менаџмент институт, чиј донатор е и фондацијата на Сорос – пренесоа минатиот месец албанските медиуми.

Инаку, парите определени за проектите во Македонија ќе им се делат на невладини организации без оглед на промената на администрацијата во Вашингтон. Минатата година беше распишан и оглас за вработување осум лица во проектната канцеларија на Ист вест менаџмент институт во Скопје, пишува Дневник.

Интересно е што Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во однос на Ист вест менаџмент институт се јавува во двојна улога. „Отворено општество“ се јавува, прво, како донатор на средствата потребни за функционирање на Институтот. Нејзиното име може да се најде на листата со донатори објавена на неговата официјална интернет-страница.

Од друга страна, во истовреме Отворено општество во Македонија ќе се јави и како членка на конзорциумот што ќе решава за поделбата на парите што ги дава УСАИД за невладини организации во нашата земја.

Инаку, дејствувањето на Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија изминативе години и реакциите што ги повлече изминатиов период се добро познати. На чело на втората организација членка на конзорциумот Фондација „Метаморфозис“ се Бардил Јашари и Филип Стојановски. Пред да дојде во оваа организација, Јашари работел во Фондацијата „Отворено општество“, а „Метаморфозис“ во моментот го финансира порталот што се занимава со проверка на тоа колку се вистинити вестите во Македонија, како и за медиумите на албански јазик. Главно се занимаваат со медиумите што не се под контрола на Сорос. Исто така го финансира и медиумот на албански јазик , чиј главен уредник е Елида Зилбеари – член на Одборот на „Метаморфозис“. Во моментот „Метаморфозис“ има отворен повик за 7 гранта во максимална висина до 120.000 долари во областите на доброто владеење, антикорупција, владеење на правото и слично. Третата членка на конзорциумот, организацијата АДИ Гостивар, е најголема невладина организација кај Албанците во Македонија, а нејзиниот основач и прв човек е Алберт Муслиу, често присутен во јавноста и како политички аналитичар и редовен брифер на дипломатите во земјава. Во моментот АДИ доделува 4 гранта од по 15.000 долари за младински НВО и неформални младински групи.