Македонија
30. October 2020 - 9:37

928 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (29/30.10.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 928 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.