Македонија
19. April 2021 - 12:07

916 казни за брзо возење на територија на цела држава

Санкционирани 916 возила на територијата на државата, при акциска контрола во текот на вчерашниот ден за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата.

– Од вкупно санкционирани 916 возила, 107 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.