Македонија
23. October 2020 - 11:14

915 казни за неносење маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 915 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.