Македонија
20. August 2018 - 21:15

9-та „Школа за млади лидери“ на претседателот Иванов

По девети пат девет генерции на школата ги воведуваме во тајните ,вештините, знаењето и практиката на лидерството .Во овие девет години станавме препознатлив бренд бидејќи и другите не имитираат и на основа на нашите досегашни искуства создаваат свои школи истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на отварањето на Школата за млади лидери која што се одржува во Струга.

Оваа година програмата на школата ќе биде фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на старт-ап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите.

Современиот лидер може да манипулира со се со перцепција со избори но еден млад лидер мора да свати дека лидерството се заснова врз знањење искуство мудрост и креативнст истакна поранешниот претседател на Латвија Затлерс.

На годинешната школа ќе учествуваат триесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, Европа и светот кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.