Македонија
13. јуни 2020 - 11:19

9-годишно дете тешко повредено во сообраќајка во с.Дебреште

На 12.06.2020 во 13.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод, на влезот за с.Дебреште, К.Т.(21) од с.Дебреште, прилепско, управувајќи патничко возило „ауди“, без регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од деветгодишник, од истото село. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.