Македонија
24. јуни 2020 - 16:06

886 лица добиле решенија за изолација во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација.  

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, a евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 544 прекршоци.