Македонија
9. August 2020 - 16:52

85 нови случаи на КОВИД-19

Ве молиме земете го предвид ова известување со корекција кај бројот на оздравени лица, точниот број е 42, не 45. Распоредот по градови на оздравените лица е коректен.
 
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.  
 
Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839,  бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5149, активни 1335
• Куманово 1148, активни 276
• Дебар 219, активни 127
• Штип 953, активни 400
• Прилеп 345, активни 49
• Тетово 1088, активни 190
• Струга 478, активни 195
• Велес 234, активни 23
• Битола 165, активни 72
• Охрид 297, активни 89
• Кавадарци 110, активни 88
• Гостивар 562, активни 326
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 33, активни 10
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 112, активни 24
• Пробиштип 63, активни 21
• Демир Хисар 43, активни 30
• Македонски Брод 51, активни 40
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 30, активни 26
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 239, активни 114
• Кичево 196, активни 116
• Ресен 146, активни 17
• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 
Направените 1188 теста се преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-145, Биотек-88, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Систина со PCR метода -155, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-6, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.  
 
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.
 
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
 
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.