Македонија
16. January 2021 - 10:08

84 санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На подрачјето на Центар изречени се вкупно 84 мерки, меѓу кои 8 мерки за управување под дејство на алкохол, 9 за непочитување на брзината на движење, 5 санкции за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 5 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.