Бизнис
15. August 2019 - 16:40

84% од потрошувачите имаат доверба во македонските интернет продавници

ДРЖАВА ПРОЦЕНТ НА ДОВЕРБА:

ГРЦИЈА 94%

ХРВАТСКА 93%

ЦРНА ГОРА 91%

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 90%

СЛОВЕНИЈА 90%

СРБИЈА 87%

МАКЕДОНИЈА 84%

АЛБАНИЈА 82%

БУГАРИЈА 82%

КОСОВО 81%

 

Потрошувачите мора да ги проверуваат онлајн продавниците пред да купуваат преку интернет, порачуваат експертите. Атрактивните понуди не секогаш значат дека станува збор за измама, но купувачите мора да испитаат дали станува збор за оригинални производи или имитација и дали таа онлајн продавница воопшто ги испорачува производите.

Анализата на Скемадвајзер покажува дека довербата во дигиталните продавници во Македонија изнесува 84%. При тоа, опфатени се речиси 11.000 интернет страници, а веродостојноста се анализира преку проверка на ИП адреси, достапност на детали за контакт, од кога постои веб страницата, нејзиното рангирање, оценките на потрошувачите итн. Споредено со регионот поризични сајтови од македонските има во Албанија, Бугарија и Косово.

Во анализата опфатени се вкупно 22,5 милиони дигитални продавници. Не земајќи предвид неколку мали држави, Кина има најголем процент на небезбедни интернет страници, дури 12%, по што следат САД со 9%. Меѓу државите со најмал број на онлајн измами се најдоа Грција, Унгарија, Аргентина и Данска.