Македонија
19. December 2017 - 16:06

84-годишниот Душан Трајковски бил исчезнат повеќе од две недели, а никој не го побарал

Единаесет дена телото на починатиот 84 годишен Душан Трајковски било во капелата во Бутел, додека негови роднини преку социјалните мрежи го бараа како исчезнат.

Душан уште на втори овој месец бил тешко повреден во сообраќајна несреќа возејќи велосипед.

Го примиле на Ургентен каде итно го оперирале, но поради сериозните повреди починал пет дена подоцна. 84-годишниот Трајковски се водел како непознат пациент  бидејќи немал никакви документи а додека лежел во болница никој не го барал.

-Бидејќи ние немавме никаква идентификација за пациентот, никаков докуметн, го препративме на Судска медицина за понатамошно иследување. Инаку, постојано бевме во контакт со инспектори од МВР, но додека беше тука пациентот не успеавме да го утврдиме неговиот индентитет, вели др. Илир Хасани, директор на ТОАРИЛУЦ

Доктор Хасани вели дека често се случува да влезат во операциона сала без да го знаат името  на пациентот, но подоцна дознаваат откако ќе дојдат роднини или членови на семејство. Од МВР потврдија дека идентитетот на починатиот велосипедист во сообраќајната несреќа бил потврден дури вчера.

Телоп -  Идентитетот на починатиот велосипедист во сообраќајната незгода беше непознат до вчера (18.12), бидејќи кај него не беа пронајдени документи за идентификација. Во меѓувреме на 16.12.2017 година во Полициската станица Карпош од страна на Ј.М.(44) пријавен бил за исчезнат Д.Т.(84) од Скопје кој бил негов роднина. Од страна на пријавителот била донесена и фотографија која била споредена со фотографијата на направена од страна на Институтот за судска медицина по што биле контактирани роднините на починатиот за да извршат препознавање, кои потврдиле дека починатиот велосипедист е Душан, стои во писмениот одговор од МВР.

Случајот со 84 годишниот Душан предизвика бурни реакции по социјалните мрежи. Едни ги критикуваа институциите за неажурност, а други семејството зошто порано не реагирале. Некои од нив се јавија и во отворената утринска програма на Сител.

Душан Трајковски живеел сам во Карпош а децата му биле иселени во странство.