Македонија
7. January 2024 - 17:07

82-годишниот штипјанец Александар Трајковски со хуманитарна донација на пакети со храна

Осумдесет и две годишниот штипјанец Александар Трајковски,  16-та година по ред донираше пакети со посна и мрсна храна за Бадник и Божиќ, за шест социјални семејства. Вели, чувството е прекрасно кога може да се помогне и да се биде хуман.

- За мене чувството е добро затоа што знам дека шест фамилии ќе седнат и ќе вечераат, ќе има што да апнат. Јас донирам 100 евра годишно од Божиќ до Божиќ соберам толку – изјави Александар Трајковски.

Доколку и останатите граѓани го следат неговиот пример, никој за Бадник и Божиќ нема да остане со празна трпеза.

- Многу луѓе можат да заштедат 100 евра во текот на една година, додаде Трајковски

- Ова нека биде уште еден апел и уште една позитивна приказна, за и останатите да го следат овој пример на нашиот сограѓанин Александар-изјави Деспина Димитровска, Црвен крст-Штип.

Семејствата кои добија донација од Трајковски велат дека чинот е за поздравување. Пакетите се доволни за нивните семејства достоинствено да ги дочекаат празниците.

- Оваа донација за нас многу значи. Како што е инфлација и скапотија, не можеме да си дозволиме една посна вечера за Бадник, како сите и ние да бидеме,за Божиќ исто, изјави Олигица Иванова.

Во рамки на акцијата “Сите заедно за среќни божиќни празници“, општина Штип донираше пакети за над 100 семејства од сосцијално ранливите категории.