Македонија
18. March 2019 - 16:50

82-годишен жител на кочанско Оризари загина во пожар

Интензивното палење на стрништа во изминатиот период ја однесе и првата жртва. Во пожар, кој сам го подметнал палејќи сува трава во сопствената нива загина 82 годишен старец од кочанското село Оризари.

Несреќата се случила вчера попладне во место викано бел камен, кога старецот во еден момент паднал и веројатно се загушил од чадот.

Од полицијата и протпивпожарната единица од Кочани денеска не сакаа да зборуваат пред камера, зашто се работи за невнимание со кобни последици.

Неофицијално дознаваме дека телото било делумно изгорено, но ова не му било прв пат да биде зафатен од пламените јазици.

Пред неколку години палејќи стрниште си ја запалил облеката и за среќа тогаш успеал брзо да го изгасне огнот и да се спаси 

Лекарите од итната медицинска помош само ја констатирале смртта, а телото е предадено на семејството.

Противпожарната единица реагирала и го локализирала огнот, кој зафатил само мала површина сува трева. Пред две години, во слична ситуација животот го изгуби и 72 годишен жител на виничкото село Јакимово.