Македонија
8. March 2019 - 17:34

8 март – Денот на жената, бројките за родова еднаквост поразителни

Насилството врз жените е жална вистина, трпението ни е на црвено и повеќе нема да толелираме празна реторика порачаа учесничките на третиот протестен марш, одржан на “меѓународниот ден на жената 8ми март”. Под слоганот “дали е среќен 8ми март?”, членовите на платформата за родова еднаквост побараа итно носење на законите за прекин на бременоста, спречување и заштита од дискриминација и социјална заштита.

Под  паролата “не сакаме цвеќе – сакаме поголеми права” и од женската секција при федерацијата на слободни синдикати на македонија побараа заштита и унапредување на женските права, осврнувајќи се пред се на зголемување на платите и на породилното отсуство. 

Од здружението на бизнис жени пак се жалат дека е мал бројот на жени на пазарот на труд, дека има евидентна разлика во платите, но и дека уште помал е процентот на жени кои се на управувачки позиции во компаниите.

Министерката Царовска пак побара што поскоро да бидат донесени сите закони со кои ќе се подобри статусот на жената во општеството.

Изминатата година се евидентирани 665 жени кои биле жртви на семејно насилство. Секоја втора жена во земјава е жртва на психичко насилство, секоја четврта е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство. Дури во 51% од општините нема пристап до основни гинеколошки сервиси.

.be