Свет
14. January 2018 - 10:07

8 лица загинаа во пожар во зграда во Португалија

Осум лица загинаа, а десетици се повредени во експлозија и пожар во зграда во северна Португалија, објави Асошиејтед прес.

Инцидентот се случи вчера вечер во градот Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон.

Имало околу 60 луѓе во зградата кои се собрале да учествуваат на аматерски турнир за карти.

Според некои медиуми, се работи за експлозија на гас, но други велат дека пожарот започнал од камин.