Македонија
29. March 2021 - 10:53

786 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (28.03.2021) спроведена е  зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 786 возила. Од нив, 85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 24 возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.