Македонија
4. November 2020 - 10:53

755 санкции за неносење маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.11.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 755 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Kовид-19.