Македонија
16. July 2021 - 10:16

74 санкции за возење под дејство на алкохол во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија

Во текот на вчерашниот ден (15.07.2021) спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 74 возачи.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.