Македонија
6. April 2020 - 14:22

72 прекршувања на полицискиот час, 59 лица приведени

70тина граѓани не ја почитувале мерката полициски час, приведени се 59 лица во текот на изминатиот ден. Од нив , три лица кои завршиле во станица се од Куманово. Во овој град полицискиот час траеше 24 часа во изминатите два дена. Според МВР во изолација со решение се уште 88 лица а 55 потпишале изјава за самоизолација. Полицијата не констатирала прекршоци кај лицата кои се веќе во некој вид на изолирање.

Од припадниците на МВР вкупно 12 се позитивни на вирусот. 45 вработени се во самоизолација и 7 во изолација.

Во Дебар и Центар жупа безбедносната состојба е стабилна . Успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила кои се однесуваат на доставувачите и лицата кои живеат во овие места. За сите други граѓани влез во овие општини е строго забранет. На подрачјето на овие општини кризната состојба е прогласена на 13 март.