Македонија
9. јуни 2016 - 13:11

70 отсто од граѓаните не го поддржуваат фарбањето на спомениците и зградите

Граѓаните во земјава не наоѓаат оправдување во фарбањето на зградите и спомениците, покажа најновата анкета на Брима Галуп.

Дека не е оправдан ваквиот чекор сметаат 60,9 проценти од испитаниците, а само 26,6 отсто наоѓаат оправдување во ваквата постапка.

prasanje8

farbanje-anketa

Повеќе од половина од граѓаните, или поточно 53,7 отсто од нив, сметаат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт. Само 29,8 отсто веруваат дека опозицијата се бори за слобода и демократија.

opozicija-brima

Поголем број од Македонците исто така веруваат дека тоа што го прави опозицијата е гола борба за власт, или поточно 56,1 процент. Двојно помалку се оние кои сметаат дека опозицијата се бори за слобода и демократија – 26,7 отсто.

prasanje7

Гласачите во земјата, судејќи по резултатите од анкетата, не веруваат дека доколку дојде на власт СДСМ ќе биде подемократска партија од ВМРО-ДПМНЕ. 49,3 проценти од нив сметаат дека СДСМ нема да биде подемократска од сегашната владјачка партија, а само 28,4 отсто веруваат во спротивното.

Издвоено, 52,1 процент од Македонците кои биле дел од оваа анкета не веруваат дека доколку опозиционата партија дојде на власт ќе биде подемократска од ВМРО-ДПМНЕ. Многу помалку, или поточно 24,9 проценти веруваат во спротивното.

prasanje8

Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, анкетата ја спроведе на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.