Македонија
4. March 2021 - 16:40

70% од хоспитализираните во Охрид се на кислородна поддршка

Никако не спласнува бројот на новозаболени од Ковид-19. Речиси 70 посто од хоспитализираните пациенти во охридската болница се на кислородна поддршка, а меѓу нив има и неколку многу тешки случаи. Охрид се уште е жариште и на мутираниот британски вирус,но според директорот Балески добро е што постоечката терапија делува, а вакцината го покрива новиот сој.

Во Струга пак тројно е помал бројот на заболени од корона вирусот. Од Здравствениот дом велат подготвен е вакцинален пункт и медицински тимови за имунизација на населението.

Во Охрид во функција е ставена модуларната болница која е комплетно опремена и има капацитет од 40 легла. Во Струга пак се е подготвено, но се работи на доток на кислород за нејзин старт со работа. Моментално во Охрид има 475 активни случаи на Ковид-19, а во Струга 190.