Македонија
18. February 2021 - 21:51

70-годишната скопјанка која беше пријавена за исчезната e пронајдена

Во близина на скопското Кале полицајци од полициската станица Беко ја пронајдоа 70-годишната Ленка Најденова која вчера околу 15 часот ја напуштила Клиниката за онкологија каде што се лекувала.

Нејзиното семејство побара помош од сите граѓани во пронаоѓањето на Најденова.