Македонија
12. February 2018 - 17:32

70- годишна жена од Охрид загина во пожар

70 годишна жена настрада во пожар во Охрид.Немилиот настан се случил утинава околу 7 часот и 15 минути во стан во зграда на Булеварот Туристичка во кој сама живеела старицата која била неподвижна.Пожарот бил пријавен од страна на соседите,тие видно вознемирени велат дека густиот чад oд првиот спрат брзо се раширил низ целата зграда и предизвикал паника .

Опожарениот стан кој се наоѓа на високо приземје во повеќекатница бил веднаш изгаснат од противпожарната служба за да не ги зафати соседните станови.

Првичните информации укажуваат на несреќен случај, а пожарот најверојатно бил предизвикан од отпушок од цигара.

Од страна на Јавното обвинителство издадена е наредба за прибирање на траги од лице место ,ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника а издадена е наредба и за вршење на обдукција над телото на починатата.Инаку ова не е прв ваков случај пред 7 години пацент во болницата за ортопедија и траматологија Свети Еразмо изгоре од отпушок од цигара.