Македонија
5. јуни 2019 - 16:28

ОН: 7 милиони луѓе умираат од загаден воздух

Тетово е град во кој најмногу се умира поради загадениот воздух. Обединетите Нации со извештај алармира дека  овој град е на прво место од најкатастрофално загадени градови на Западен Балкан. Дури  19 проценти од граѓаните на Тетово   предвремено починале од загаден воздух.

Случајот Западен Балкан“ покажуваат дека вкупниот број предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите е речиси 5.000 годишно. Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15% од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19%. Во Тетово, само ПМ2,5 се одговорни за над 14 отсто од сите умирања.“

Според извештајот на ОН главни извори на ПМ 10 и ПМ 2 ,5 се греењето кај домаќинствата, индустриски процеси и прозиводство на енергија во Скопје, Тетово, Битола и Велес. Главен проблем е користењето на  цврсти горива како јаглен и огревно дрво. Најголем предизвик за земјите од Балканот е темпото на интеграција во ЕУ.

„Економските и индустриските структури во регионот се надградени; сега мора да бидат значително подобрени политиките за контрола на загадувањето на воздухот“.

Институциите останаа глуви на сите извештаи на светските организации. Владата  вети чист воздух за сите но и по 2 години резултатите не се видливи за граѓаните.  Потрошени се милиони за проекти наменети на животната средина.  Владата донесе и посебна стратегија за аерозагадувањето а доказ за тоа како функционира се мерните станици кои и по речиси една година се уште не работат. Во најзагадените општини Карпош, Гази Баба и во Лисиче граѓаните незнаат колку штетен воздух дишат.

Според ветеното од Владата за половина година,  загадувањето во главниот град  треба да биде  за 50 проценти помало а во другите градови од 30 до 50 проценти.