Македонија
20. March 2019 - 16:53

7 милиони евра, од кои 6 од ИПА фондовите за подобрување на услугите на општините и регионите

Со директна финансиска помош од Европската Унија ќе се подобрува локалниот и регионалниот развој во земјава. Во пресрет на преговорите за членство, Владата ќе ја подобрува работата на општините, чии услуги треба да ги задоволуваат европските стандарди.

Вкупниот буџет на проектот е планиран на седум милиони евра, од кои шест се обезбедени од ИПА инструментот. Од вкупната финансиска помош од ЕУ во Македонија, 37 отсто оди токму во општините, а со парите се насочени за потребните реформи на локално ниво.

Европската унија и досега го помагаше локалниот развој во земјава, а позитивните резултати треба пошироко да ги отворат вратите кон поголемо користење на претпристапните фондови на Унијата.