Македонија
4. April 2017 - 19:30

7-ми ден тече продолжението на конститутивната седница на Собранието

7ми ден конститутивната седница е заглавена на 3та точка од дневниот ред за избор на членови и претседател на комисијата за избори и именувања. Со процедурални забелешки реплики и контрареплики по излагањето на пратеникот Крсто Муковски продолжи и денешната расправа. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ бараа од Заев јасно да каже дали ја прифатил т.н тиранска платформа и предложија да се оди на предвремени парламентарни избори. Од СДСМ  побараа да го прифатат обединувачкиот Манифест како што ја прифатиле и платформата од албанските партии.

Пратениците и на денешната седница си разменија низа обвинувања и критики на други теми. Од СДСМ обвинуваат дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ намерно дефокусираат од точката на дневен ред. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев возврати со конкретни бројки. Од вкупниот број процедурални забелешки , половина се од СДСМ а останаттите на сите други партии, со што Ѓорчев вели јасно се гледа кој ја кочи работата на Собранието. Инаку од 7 дена дебата до сега се исцрпени дискусиите за четворица од пријавените  51 пратеник. Конститутивната седница продолжува утре од 11 часот.