Македонија
13. October 2016 - 15:16

7-годишно дете повредено од стакло во пределот на стомакот донесено на Ургентен

Вчера во Скопје во 13 часот и 54 минути. Било пријавено дека во Ургентен центар Скопје било донесено повредено седумгодишно дете од селото Кучевиште, скопско, ученик во Основното Училиште „Климент Охридски“ во населба Бутел, Детето било повредено од стакло во пределот на стомакот. Од извршениот разговор со Директорот и хигиеничарка во училиштето било дојдено до сознание дека детето со трчање поминало низ стаклена преграда и се здобило со ресекотини по телото. Со возило на Итна медицинска помош седумгодишникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде било утврдено дека се работи за телесна повреда во пределот на абдоменот. Детето ќе биде префрлено во детската клиника за понатамошно лекување.