Македонија
3. March 2020 - 12:05

69 стебла канабис заплени полицијата во скопско Булачани

69 стебла марихуана запленила полицијата во скопското село Булачани.

Приведено е 27 годишно лице, откако извршиле претрес во неговиот дом во селото. Марихуаната ја произведувал дома, во современа лабораторија, а била наменета за домашен пазар.

Произведувал и масло од канабис, а семето го увезувал од Холандија.

Полицијата во соработка со обвинителството работи на случајот. Трагаат и по други лица.

Елена Милошевска