6,7 проценти од починатите од Ковид-19 во државата не стигнале до болница!
Расте бројот на заразени и на починати од Ковид-19. Изминатата недела според податоците од Институтот за јавно здравје биле регистрирани за 35 проценти повеќе лица позитивни на вирусот во споредба со претходно анализирана недела. Речиси двојно е зголемен и бројот на починати и во перидот од 14-ти до 20-ти септември дури 48 лица починале како последица на Ковид-19 за разлика од 27 кои биле евидентирани во периодот од 7ми до 13 септември. Само во последните три дена починале 17 лица од кои најмладиот има само 23 години.
Според податоците од здравствените власти, 47 или 6,7 проценти од починатите, не стигнале да побараат лекарска помош и починале во домашни услови.
Министерството за здравство веќе ги задолжи директорите на болниците и клиниките каде третираат лица со Ковид-19, да направат анализа на што се должи зголемената смртност и како ги лекувале овие пациенти.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: 5-ти ден протести против францускиот предлог - протестен марш од Влада, преку МНР до Собрание
-
Амбасадата на САД го одбележува 4-ти јули - Денот на независноста
-
Партиите доставија забелешки за францускиот предлог на работните групи
-
И вечерва најавени протести пред Владата во 19:00 часот
-
Почнаа средбите на работните групи меѓу партиите за францускиот предлог
-
Македонската научна и интелектуална елита против францускиот предлог
-
И вечерва најавени протести пред Владата во 19:00 часот
-
Mаричиќ - конечен став за предлогот откако ќе завршат консултациите во Собрание