Македонија
29. July 2015 - 16:34

67 партиски и роднински вработувања во општина Центар и ПОЦ

Постојано говорат дека се залагаат за департизирана администрација, но за само 2 години Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ во “Паркинзи Центар “ вработиле 67 лица по партиско-роднинска релација. Продолжува скандалот со партиските врабоптувања во Општина Центар.

Директорот на паркинзи центар, Саша Богдановиќ го поставил својот кумашин  Ѓорги Димитриевиќ за раководител на Сектор во јавното претпријатие.

Жерновски и Богдановиќ во “Паркинзи Центар“ го вработиле и бившиот советник на СДСМ во општината, Александар Цветановски Бабуш, кој сега во“ Поц“ е одговорен за внатрешна контрола, тој стана познат во јавноста затоа што се фотографираше со оружје.

Ја вработиле и ќерката на актуелниот советник на СДСМ во Центар Никола Георгиевски, Ана Георгиевска.

И фамилијата на веќе добро познатиот Дејан Тодоровски Гзе си го нашла своето место во прегратката на Жерновски и Богдановиќ. Тој беше познат по скандалот кога во кафeани наместо од својот џеб плаќаше од општинските пари.  Но Жерновски и Todorovski не запираат тука, од пред некое време братот на Гзе, Бранислав Тодоровски работи во “Паркинзи Центар“, а во општина центар е вработена и Јулијана Михајлова која е ќерка на сопругата на Гзе.

Паркинзите на центар и без овие 67 доминантно партиски вработени, функционираа нормално, сега како што велат познавачите, институцијата страда од пренатрупаност.

Во “ПОЦ“ се вработил и Никола Савовски кој беше кандидант за советник на листата на СДСМ а неговиот татко, Ратко Савовски, е раководител на сектор во општината.

Во Паркинзи Центар се вработил и поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, кој остана запаметен во јавноста како директор на Македонски Шуми кој беше осомничен за проневера на над 2 милиони евра.

Во Центар се вработиле и поранешната советничка на СДСМ Кети Стерјова и поранешниот директор на Државна Статистика од СДСМ СДСМ Данчо Герасимовски.

Сител во последните 3 дена објави десетици имиња на роднини на високи функционери на СДСМ, истакнати активисти на партијата и соработници на највисокото раковотство, кои партиски се вработиле во општина центар.

Од Општина Центар не ги демантираа објавените информации.