Македонија
19. July 2016 - 16:30

67 годишна светиниколчанка загина, а три лица се тешко повредени во сообраќајка на патот Велес-Штип

Еден загинат и тројца тешко повредени е билансот од сообраќајката која доцна синоќа се случи на патот Велес - Штип кај градската депонија. Во директниот судир на двете возила БМВ, животот го загуби 67 годишна светиниколчанка.

Тешко повредени се двајцата возачи и еден сопатник. По укажаната помош во велешката болница, еден од повредените е пратен на лекување во Скопските клиники.

Останатите повредени се лекувааат на хирушкото одделение во велешката болница. Заработиле набиеници и повреди на стомакот и лицето. Според првичните анализи на полицијата, сообраќајката се случила 15-тина минути пред 22 часот. До неа дошло кога теренско возило БМВ со радовишки регистрации и автомобил БМВ со регистарски ознаки на Велика Британија директно се судриле. Од силината на ударот, жената која била сопатник во автомобилот починала веднаш. 42 годишниот возач и сопатничката на возраст од 38 години се здобиле со тешки повреди. Настрадал и возачот на џипот кој поради сериозните повреди е на лекување во Скопје.

На местото на несреќата увид правеа полицијата и јавен обвинител. Нивната анализа треба да открие како се случила сообраќајката.