Македонија
28. March 2020 - 16:50

66 годишна жена почина чекајки ги резултатите од тестот, уште 22 потврдени случаи

66 годишна жена од околината на Струга е четвртата жртва на корона вирусот во земјава. Првите симптоми кај заразената се појавиле пред 4 дена, а починала вчера чекајќи да биде хоспитализирана. Заболената имала срцева и хрочнична белодробна болест и покачен крвен притисок. Со сопругот во изминатите две недели биле во домашна самоизолација поради контакти со еден од заболените доктори во Дебар непосредно пред воведувањето на кризната состојба.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст, стои во нивното соопштение.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 22 нови заразени со корона вирус со што вкупната бројка се искачи на 241 лице.

Вирусот се проширу и во Струга и во Битола каде изминатото деноноќие е дијагностициран првиот заболен.

9 од новозаразените се од Скопје, по тројца во Куманово и Струга, и по двајца нови се регистрирани  во Тетово, Дебар и Прилеп.

Од Министерството информираат дека вчера е направено тестирање на вработените на Клиниката за кардиологија, но сите тестови се негативни на корона вирусот.