Македонија
25. November 2022 - 8:49

66-годишна жена од Кичево загинала, кога врз неа паднал таванот од нејзината куќа

На 23.11.2022 година во 13.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа на улицата  „Љубица Богеска“ во Кичево врз С.И.(66) од Кичево паднала таванска конструкција, по што таа починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција.