Македонија
6. March 2021 - 9:57

650 санкции за неносење маски во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 650 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.