Македонија
3. January 2017 - 18:13

65 пратеници од минатиот состав на собранието имаат право на апанажа

65 пратеници до крајот на месецов имаат право да бараат апанажа. Доколку не се вратат на старите работни места или останат без работа народните избраници од претходниот состав можат да поднесат барање за надомест на плата.  Според измените во законот за плата од 2014  на пратениците од минатиот состав апанажата ќе  зависи  од должината на мандатот но не  за надоместок кој се однесува на период подолг од една година.  Периодот за остварување на апанажа може да биде продолжен за најмногу 6 месеци доколку во тоа време пратеникот треба да стекне старосна пензија.

Со верификување на новите пратеници престана мандатот на 123 пратеници од осмиот парламентарен состав. 58 од нив беа повторно избрани на предвремените избори па така право на надоместок на плата имаат 65 поранешни пратеници.

Додека добиваат  апанажа пратениците немаат право на други лични примања и надоместоци. Правото на надоместок престанува во истиот момент кога пратеникот ќе стекне пензија, ќе се вработи или ќе биде именуван на друга функција. Апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа собранието. Претходно 51 пратеник од седмиот парламентарен состав остварија право на апанажа од крајот на 2014 до почетокот на 2015та година и за оваа намена Собранието издвојуваше по околу 50 000 евра месечно.