Бизнис
26. December 2018 - 19:34

65 компании добија грантови од Фондот за иновации

Фондот за иновации распредели грантови за 65 компании со вкупна вредност од над 13 милиони евра. Преку третиот столб од Планот за економски раст државата покрива половина од инвестициите за иновативни проекти на малите, микро и средни претпријатија.

“Овие проекти ќе ангажираат 385 лица, од кои 85 се нови вработувања. Притоа, компаниите ќе исплаќаат плати кои што се двојно над просекот на државата”, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

До крајот на неделава ќе се исплатат и парите од првиот и вториот столб. Надлежните очекуваат дека ваквата поддршка на инвестициите во приватниот сектор сериозно ќе ја покрене индустријата, а со тоа и економијата во целост.

“Ако сакаме да имаме стапки на раст од 5%, 6%, 7% во нашата држава на БДП, мора извозот да го покачиме од постојните 54% на 65% или 70% во учеството на БДП. Тоа може да се направи само со зголемен извоз и зголемена конкурентност, а точно овие мерки кои што денеска овде ги промовираме може да го направат тоа”, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Преку третиот столб од Планот за еконмски раст досега финансиска помош добија над 250 фирми. Најзастапени се од ИТ секторот.