Македонија
31. October 2021 - 12:34

63-годишен кочанчанец фатен како нуди поткуп

63-годишник од Кочани бил фатен како агитира и нуди поткуп за гласање во вториот круг од локалните избори.

-Вчера во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник. Во врска со пријавата, во 17.50 часот во Полициската станица бил извршен службен разговор со М.М., велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.