Loading Video...
Македонија
10. April 2020 - 16:53

61 час забрана за движење - организирани волонтери, маркети и аптеки кои ќе доставуваат производи

Почна 61 часовните карантин за граѓаните во земјава. До понеделник до 5 часот наутро забрането е движењето за сите во држвава.

Општинските штабови имаат определено волонтери кои ги снабдуваат со прехранбени продукти старите и немоќни лица како и социјлано загрозените. Т се подготвени да одговорат и за врем,е на претстојсниот викенд. Општинските кризни штабови заедно со МВР треба да го организираат движењето на волонтерите што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните. Општинските штабови определија и маркети кои ќе обезбедуваат основните продукти за време на забраната за движење. Оние маркети кои се регистрирани да вршат достава на храна преку онлајн порачки, ќе можат непречено да ја извршуваат својата работа во сабота и недела. Повеќе продавници за храна и аптеки веќе направија договори со такси компании или определија одреден број на нивни вработени кои ќе им бидат достапни на граѓаните за онлајн или телефонски нарачки, при што сите потреби на граѓаните ќе бидат задоволени во текот на претстојниот 61-часовен карантин.

Во тој период, покрај припадници на полицијата, Армијата, здравствените и медиумски работници, право на движење ќе имаат и компании чиј процес на работа мора да продолжи и во текот на викендот: сервисни служби во ЕВН, телекомуникациските и кабелски оператори, комунални и погребални претпријатија, пекари, чуварски служби и агенции за обезбедување, превозници со товарни возила, доставувачи на стока, лица кои вршат нега на трето лице, волонтери за помош, земјоделци.

За време на ограничувањето на движење нема да се санкционираат лицата што пријавуваат кривично дело. Министерството за внатрешни работи извести дека граѓаните кои сакаат да пријават кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола.

Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривилно дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола.

За време на 61 часовниот карантин аптеките ќе работат непречено.