60-годишник пукал на свадба во Седларево, свадбари спречувале полицајци да го уапсат
Тетовската полицијата информира дека половина час пред полноќ бил приведен 60 годишник од Седларево поради сомнение дека пукал на свадба и со тоа го нарушил јавниот ред и мир. При приведувањето дел од гостите на свадбата спречувале полициски службеници во работата.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (18 август) околу 23 часот и 30 минути, во тетовско Седларево, го лишиле од слобода 60-годишниот А.А. од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир. Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто