Свет
10. јуни 2021 - 15:12

6 загинати и 15 повредени во автобуска несреќа во Русија

Шест лица загинаа, а 15 луѓе се повредени во несреќа на автобус кој превезувал работници во рускиот град Лесној.

Несреќата се случи утрово, кога на автобусот кој превезувал работници во фабрика му откажале сопирачките, по што ја пробил капијата на фабриката и удрил во луѓето на блиската автобуска постојка.

Полицијата отвори кривична истрага.