Македонија
7. September 2020 - 12:35

6 починати и 37 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1. 

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127,  бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6123, активни 591

• Куманово 1540, активни 248

• Дебар 261, активни 29

• Штип 1182, активни 96

• Прилеп 525, активни 142

• Тетово 1254, активни 125

• Струга 595, активни 64

• Велес 278, активни 20

• Битола 225, активни 40

• Охрид 360, активни 45

• Кавадарци 190, активни 47

• Гостивар 823, активни 134

• Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 31

• Крива Паланка 60, активни 19

• Радовиш 46, активни 7

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 160, активни 33

• Пробиштип 90, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 77, активни 10

• Пехчево 38, активни 28

• Берово 68, активни 41

• Валандово 9, активни 2

• Виница 82, активни 28

• Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 23, активни 7

• Свети Николе 301, активни 37

• Кичево 286, активни 45

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0,  Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани  се  2 деца и 1  мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 55

• Гази Баба – 70

• Аеродром - 102

• Карпош – 65

• Центар – 58

• Кисела Вода – 70

• Ѓорче Петров – 35

• Бутел - 37

• Шуто Оризари – 24

• Студеничани – 16

• Сарај – 15

• Арачиново – 10

• Илинден – 11

• Сопиште – 6

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 5

• Зелениково - 2

• Странец – 6

• Нераспределен-2