Loading Video...
Свет
18. January 2022 - 16:27

5Г мрежата ќе предизвика воздухопловен хаос, предупредуваат американските авиопревозници

Првите луѓе на најголемите американски авиокомпании побараа од админастрацијата на Бајден итно да интервенира во планираното пуштање на употребата на 5Г телекомуникациската мрежа во близина на главните аеродроми во САД утре. Загрижени се дека сигналите на 5Г мрежата може да пречат на безбедносна опрема на која се потпираат пилотите за полетување и слетување при лоши временски услови.

Авикомпаниите сакаат 5Г сингалите да бидат исклучени во радиус од 3,2 километри од аеродромските писти додека да се направат потребните надградби и промени во воздухопловната опрема, и со тоа како што потенцираат ќе се избегне катастрофално нарушување на патувањето и транспортните операции.