Македонија
10. February 2021 - 17:13

58-годишен маж пронајден мртов во својот дом

Маж пронајден мртов во својот дом во Гевгелија.

-На 09.02.2021 во 16.15 часот во ОВР Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Димитар Влахов“ бил пронајден починат В.В.(58), информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.