Македонија
11. јуни 2022 - 17:09

57-годишна жена се здобила со тешка телесна повреда на работното место

57-годишна жена од Кавадарци пренесена во болница откако се здобила со повреда на работно место.

- На 10.06.2022 во 22.40 час во ОВР Кавадарци од Итна медицинска помош Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесена повредена М.П.(57) од Кавадарци. Според пријавеното, таа се здобила со тешка телесна повреда при извршување на работни задачи во деловен субјект во Кавадарци, констатирана во Општа болница Кавадарци, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, а запознат е и Трудов инспектор.